Фудбал
ВИДЕО: Макс Крузе застана пред камерата по натпреварот, клекна на колено и ја запроси својата девојка
Германските фудбалери денеска ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија со 3:2 во натпреварот од 2. коло на Олимписките игри.
Германците беа големи фаворити на натпреварот против Саудиска Арабија денес, но тие успеаја да победат потешко од очекувањата.
Головите за Германија денес ги постигнаа Амири, Аче и Удуохаи, додека двоен стрелец за тимот на Саудиска Арабија беше Ал Наџеи.
Во центарот на вниманието по натпреварот беше искусниот германски фудбалер Макс Крузе, кој е капитен на селекцијата што настапува на Олимписките игри.
Крузе застана пред камерите по натпреварот да даде изјава, но потоа ја воодушеви јавноста кога реши да ја запроси својата девојка.
„Те сакам, ќе се омажиш за мене“, стоеше на маицата на Крузе што ја носеше под дресот на денешниот натпревар, и тој клекна на колено и го повтори истото прашање пред камерата.
Max Kruse ha chiesto alla sua fidanzata di sposarlo in diretta tv. Da #Tokyo, durante i #GiochiOlimpici. A 9mila km di distanza. Con una sottomaglia che recava in curdo (la lingua di lei) il testo “ti amo, vuoi sposarmi?”.
Max, insegnaci la vita.pic.twitter.com/Om5rviWinX
— Giorgio Dusi (@Gio_Dusi) July 25, 2021
Само неколку моменти подоцна, во германскиот камп пристигна информација дека се јавила неговата девојка Дилара и дека таа се согласила да се омажи за Крузе.
Исто така, германските медиуми објавија дека венчавката ќе се одржи веднаш по Олимписките игри.