Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Малку фалеше за во последното коло од Серија А, да го видиме голот на сезоната

Милан ја заврши сезоната вчера совладувајќи го Каљари со 3:0 во последното коло од Серија А.

Росонерите не се намачиа на нивниот „Сан Сиро“, а победата за домаќинот ја донесоа Клаван (аг), Ибрахимовиќ и Кастилехо.

Сепак, еден спектакуларен гол за малку не беше постигнат синоќа во Милано. Како и да е, ударот на младиот Рафаел Леао заврши во пречката.

Леао шутираше силно кон голот на Каљари со ножички, но немаше среќа да го постигне можеби голот на сезоната во Серија А …