Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Марк Маркез доживеа тешка несреќа во Индонезија! Леташе неколку метри …

Шпанскиот возач Марк Маркез доживеа несреќа на загревање за Големата награда на Индонезија.

Осумкратниот шампион во Мото ГП имаше тежок пад, а на крајот се покажа дека доживеал потрес на мозокот на патеката во Индонезија.

Почетокот на трката во Индонезија беше одложен поради дождот, а во такви услови работите не беа лесни за возачите. За време на загревањето, Маркез излетал високо од мотоциклот, а потоа силно паднал.

Марк Маркез (29) бил пренесен во болница каде му биле констатирани скршеници, но поради потресот на мозокот останал под лекарски надзор и ќе биде во болница неколку дена.

„Тоа беше голема несреќа. Ништо не е оштетено, но мора да бидеме внимателни. Неговата еволуција ќе ја видиме во следните 24 часа“, објаснил Алберто Пуиг, менаџерот на Хонда, пренесува „lequipe.fr“.

Шпанецот требаше да стартува од 14. место, а дали ќе се опорави ќе видиме до трката во Аргентина која е закажана за две недели.

Португалецот Мигел Оливеира (Ред Бул КТМ) победи во Индонезија по 20 круга. Првично, трката требаше да има 27 круга, но промената се должи на временските услови.

Подиумот го комплетираа Французите Фабио Квартаро (Јамаха) и Јохан Зарко (Дукати).

Во генералниот пласман, Италијанецот Енеа Бастианини (Гресини Дукати) останува на лидерската позиција, 11-ти во Индонезија, со 30 бодови, а зад него е Јужноафриканецот Бред Биндер (Ред Бул КТМ – 8. место), со 28 бодови. Квартаро има 27 поени, Оливеира 25 и Зарко 24 поени.