Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Мејведер го нокаутираше Насукава во првата рунда

Флојд Мејведер покажа дека сè уште е во одлична форма, иако веќе не се боксува активно. Популарниот „Мани“ набрзина ја среди јапонската кикбокс сензација Теншин Насукава во пријателски бокс дуел на настанот „Ризин 14“, што се одржа во Токио.

Флојд го ​​порази својот противник за помалку од една рунда од вкупно три. Мејведер го започна дуелот поагресивно и една минута по почетокот на мечот го испрати Јапонецот во нокдаун. Насукава успеа да се исправи, но потоа беше срушен на уште два пати со тешки десни крошеа и штабот на младиот кикбоксер ја прекина средбата 40 секунди пред крајот на првиот дел.

Резултатот од борбата нема да влезе во статистиката на натпреварувачите, но за сметка на тоа Мејведер се пофали дека ќе прибере девет милиони долари за егзибицискиот меч, што значи дека заработил по милион на минута.

Флојд сепак ги забрза работите и ги зеде сите пари само по 2:20 секунди.