Фудбал
ВИДЕО: Милан славеше против Болоња, со два пенали
Милан брзо се опорави од поразите од Аталанта и Интер, па попладнево со 2:1 славеше на гостувањето кај Болоња. Првиот гол беше дело на Ребиќ во 26-та минута откако Ибрахимовиќ промаши непал.
До предност од 2:0 гостите од Милано дојдоа исто така од пенал, но овој пат Кеси беше сигурен. Андреа Пиоли во 81-та минута погоди за ублажување на поразот, а претходно поради бурни реакции тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ во 55-та минута заработи црвен картон.
Милан е лидер со 46 бодови, пет повеќе од Интер кој вечерва против Беневенто го игра својот меч од ова коло.