Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Мислеа дека е фан на „Волчицата“ – Гладијаторот му заби нож во грбот на Рома

Познатиот глумец, Расел Кроу кој светската слава ја стекна со улогата во филмот Гладијатор, се најде на мета на навивачите на Рома.

Кроу неколку денови престојуваше во Рим, каде што беше гостин на челниците на Рома, и во неколку наврати се сликаше со реквизитите на овој клуб. Во Рома беа сигурни дека „Гладијаторот“ е фан на овој клуб, па со денови се фалеа на социјалните мрежи со ова.

Сепак, само неколку денови покасно дојде до голем пресврт. Кроу за една англиска телевизија призна дека всушност е фан на Лацио, а не на Рома. Секако, навивачите на Рома тоа го разбраа како големо предавство, што доведе до линч на овој глумец на социјалните мрежи.