Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Млада ѕвезда на Рома во ноќен клуб среде пандемија?!

Младиот фудбалер на Рома Никола Заниоло се најде во центарот на вниманието во Италија, откако на социјалните мрежи се појави видео од него како се забавува во ноќен клуб. Ова немаше да биде чудно, доколку немаше пандемија со коронавирус и важат посебни правила на однесување, а особено ова важи за фудбалерите.

Оние кои застанаа во негова одбрана, велат дека не е тој на снимката, но сепак Заниоло се уште не се огласил.