Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мначестер Јунајтед со победа тргна во поход кон титулата во Премиер лигата

Во првиот натпревар од нoвата сезона од Премиер лигата Манчестер Јунајтед со 2:1 го совлада Лестер.

Јунајтед и оваа сезона е еден од фаворитите за освојување на титулата и покрај тврдењата на Жозе Мурињо дека нема доволно добар тим за такво нешто. Од друга страна Лестер повторно се покажа како незгоден ривал за „Црвените ѓаволи“.

Веќе во третата минута Јунајтед дојде до водство од 1:0. Еден од играчите не Лестер играше со рака по ударот на Санчез, а Пол Погба досудениот пенал го претвори во рано водство за „Црвените ѓаволи“.

После тоа следуваше еден период од мечот во кој доминираше Лестер, а Јунајтед се определи за контра напади. Гостите можеа да дојдат и до 1:1 во 29. минута, но Де Геа го одбрани ударот на Медисон.

Пет минути пред крајот на првото полувреме Санчез се обиде со глава, но добрата ситуација не ја претвори во нов погодок за домашниот тим.

И во продолжение имаше слични ситуации на теренот. Јунајтед играше исклучиво со размислување да ја сочува мрежата, додека Лестер на сите начини се обидуваше да го загрози голот на Де Геа, но немаше вистински шанси.

Вистинската шанса за Јунајтед дојде во 83. минута кога по одличната топка на Мата, Лук Шо некако успеа да дојде до позиција и да шутира, па ја погоди мрежата на гостите и ја завери победата на „Црвените ѓаволи“. Резервистот Џејмс Варди во судиското надополнување намали на 2:1 и тоа беше конечниот резултат на натпреварот.

Во следното коло Јунајтед му гостува на Брајтон, а Лестер му гостува на Вулверхемптон.