Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Мурињо го прогнозираше СП, а тоа нема да му се допадне на Хрватска и на Србија

Во неговиот стил, Жозе Мурињо коментираше за групната фаза на Светското првенство, и прилично беше духовит и интересен, па дури и ја отпиша Србија веќе во групната фаза поради Немања Матиќ.

„Сакам, што е можно пдобро да се одмориш“, му порача Мурињо, на Матиќ.

Тој верува дека Уругвај ќе биде прва, а Русија ќе биде втора во групата А и дека Египет и Мохамед Салах нема да одат понатаму.

„Шпанија ќе ја освои групата Б, а ние (Португалија) ќе бидеме втори“, коментираше за другата група.

Во групата Ц како лидер тој ја гледа Франција, но предност му даде на Австралија во борбата за второто место.

Мурињо ја елиминираше и Хрватска во групата Д, давајќи предност на Аргентина и Нигерија, а во групата Е Бразил и Швајцарија ги стави пред Србија и Костарика.

Германија и Мексико ги гледа како првите две репрезентации од групата Ф, а Англија и Белгија од групата Г. И на крај, Мурињо смета дека Сенегал и Полска од групата Х ќе стигнат до осмото финале.

Ќе видиме колку менаџерот на Манчестер Јунајтед ќе биде прецизен во прогнозите.