Фудбал
ВИДЕО: На „Енфилд“ е виден најбизарниот црвен картон во историјата на Лигата на шампионите
Ливерпул го совлада Атлетико со 2-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите.
„Црвените“ со овој триумф обезбедија пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите на две кола пред крајот, но дуелот на „Енфилд“ го одбележа една ситуација.
Кон крајот на првото полувреме гостите останаа со играч помалку по црвениот картон на Фелипе, кој беше еден од најбизарните црвени картони во историјата на Лигата на шампионите.
Имено, Фелипе го сопре со фаул Садиo Маен. Судијата Дени Макеиле го повика Бразилецот да му даде жолт картон, но Фелипе го игнорираше тоа.
Судијата од Холандија после тоа уште два пати го повика Фелипе и Бразилецот повторно не реагираше, а тоа беше капка која ја прели чашата. Холандскиот судија потоа извади црвен картон и му го покажа патот на Фелипе до соблекувалната.
Диего Симеоне и клупата на Атлетико не можеа да поверуваат што се случи.