Фудбал
ВИДЕО: На тренингот во Барса на посебен начин пречекан играчот во кој се полагаат големи надежи
Утринскиот тренинг во Барселона донесе добри вести. По долго отсуство, талентираниот Ансу Фати тренираше со тимот за прв пат.
Младата sвезда беше пречекана од соиграчите, кои го поздравија и заедно го прославија моментот на неговото враќање.
Фати беше надвор од теренот девет месеци поради повреда, а последен пат во дресот на Каталонците играше на 7 ноември минатата година против Бетис. Остатокот од сезоната го помина надвор од теренот поради повреда на менискусот, а не настапи ниту во подготвителните натпревари, ниту на почетокот на новата сезона.
Барселона в недела ќе го пречека Гетафе на „Камп Ноу“, а ќе видиме дали Роналд Куман ќе му даде неколку минути на ново опоравениот офанзивец на тој натпревар.
Осумнаесетгодишниот Фати собори голем број рекорди по возраст кога се проби во првиот тим на Барселона, а досега постигна 13 гола на 43 натпревари за сениорите на Барса.
? Welcome @ANSUFATI ? pic.twitter.com/I2gC12LfDg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 24, 2021