Фудбал
ВИДЕО: Над 100 години вкупно затворска казна добија лицата кои се обидоа да го ограбат Месут Озил
Лондонската полиција брзо успеа да ги идентификува лицата кои се обидоа да го ограбат Месут Озил. Видеото стана вирало, во кое се гледаше како Сеад Колашинац, и двајцата тогаш фудбалери на Арсенал, влета да го одбрани Озил од вооружените напаѓачи.
Станува збор за банда која од 2019-та до 2020-ата година ги ограбувала граѓаните на главниот град на Англија.
Осомничената екипа е уапсена. Завршија на суд и на крајот добија вкупна затворска казна од над 100 години.