Фудбал
ВИДЕО: Надзорната камера го сними фудбалерот на Реал – Тој самиот не можеше да верува во тоа што го направи
Една од надзорните камери во вилата на Тибо Куртоа успеа да фати вистинско мало ремек дело на голманот на Реал Мадрид.
Имено, Куртоа успеа да смири една топка, да жонглира неколку пати, а потоа шурираше кон малиот кош и погоди.
Реакцијата на белгискиот голман е само приказна. Тој самиот не можеше да верува што се случи, па почна да слави како да постигна гол.
Иако многумина го препознаваат за неговите одлични рефлекси, се чини дека Куртоа не е толку лош со топката во неговите нозе, како што покажува овој импресивен кош постигнат со ногата.