Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Најлудата сцена на Олимпијадата – По златото заборави дека е пред камера

Австралиската пливачка Кејли МекКоун (20) вчера освои златен медал на 100 метри грбно.

МекКоун ја преплива трката за време 57,47 и стигна до нов олимписки рекорд и златен медал пред Канаѓанката Кајли Масе (57,72).

За 20-годишната австралиска репрезентативка ова беше првото злато на големото натпреварување, а сцената по трката покажува колку била возбудена.

Кејли застана пред камерата за да даде изјава, а потоа следеше вистински спектакл кој насмеа многумина.

Кога новинар ја прашал што има да им каже на нејзината мајка и сестра, австралијанката имаше чудесна реакција. Таа пцуеше, но потоа сфати дека е во живо во програмата, но немаше враќање.

На крајот, секако, сето тоа заврши со насмевка од сите присутни, а МекКоун успеа да го прослави својот медал.

Треба да се напомене дека МекКоун е исто така актуелен светски рекордер на 100 метри грбно, и го постави рекордот од 57,45 пред еден месец во Аделаида.