Фудбал
ВИДЕО: Навивач на Марсеј носеше дрес на кој пишуваше „FU*K MESSI“ и направи хаос во продавницата
Еден навивач на Марсеј го носеше дресот на својот клуб, но на грбот го имаше бројот 19 и натписот „FU*K MESSI“. Нишата овде не би била страшна доколку не влезеше во продавницата во која се продава електронска опрема.
Постои големо ривалство помеѓу Марсеј и другите француски екипи, а навивачите од Веледром не го толерираат особено богатиот ПСЖ.
Исто така, не им се допаѓа фактот дека парискиот тим донесе многу големи sвезди ова лето, и како најголемо засилување секако пристигна Лионел Меси.
Еден од навивачите на Марсеј ја уништи продавницата со електронска опрема во дресот на Марсеј, но со натпис „FU*K MESSI“ .
Видеото е објавено на социјалните мрежи и брзо стана вирално.
Оваа вест доаѓа само два дена по немирите во Ница каде се судрија навивачите на домашниот тим и играчите на Марсеј, па натпреварот беше прекинат на 15 минути пред крајот.
Во секој случај, многу интересна сезона во Лига 1, а штотуку започна …
What has Messi done to Marseille ? pic.twitter.com/R8LfPlNQT7
— Galu (@PSGalu) August 13, 2021