Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивачите на Реал ја нападнаа големата ѕвезда!

Има играчи кои играат одлично за репрезентацијата, додека во клубовите се на страна.

Навистина е тешко да се опише ситуацијата низ која поминува Герет Бејл. Пред неколку години беше меѓу најомилените играчи на Реал, сега е сосема спротивно.

Минатата сезона ја мина на позајмица во Тотенхем, оваа ја започна во Реал каде повеќе е надвор од теренот отколку на теренот.

Интересно е што игра редовно во репрезентацијата на Велс, додека во последните три месеци нема играно за Реал. Со еден постигнат гол играше вкупно три пати.

Велс избори пласман во баражот за Светското првенство, а интересно е што во високата победа над Белорусија (5:1) Бејл повторно се повреди и го чека тринеделна пауза.

Токму затоа ги налути навивачите на Реал кои го нападнаа неговиот автомобил пред неговиот тренинг камп.

На тренингот пристигна со насмевка, но по заминувањето, група навивачи жестоко го навредуваа. На англиски имаше пцовки кои сигурно не му се допаднаа на Велшанецот.

Договорот на Бејл со Реал истекува на крајот од сезоната, до кога Реал ќе му исплати уште 15 милиони евра плата.

Реклама

Facebook

Реклама