Фудбал
ВИДЕО: Не, не, не…Драмата во Букурешт уште еднаш и реакцијата на коментаторот на Спорт Клуб, па заслуживме барем бод
Македонската фудбалска репрезентација синоќа доживеа пораз од 3:2 од Романија на стартот од квалификациите за пласман на СП кое треба да се одигра следната година во Катар. Романија водеше со 2:0, но потоа следуваше вистинска драма. Во 83-та гол на Адеми за 2:1, минута подоцна на Трајковски за 2:2. Но нашата радост траеше исто така кусо бидејќи во следниот напад Јанис Хаџи постигна гол за конечни 3:2. Навистина штета, заслуживме барем бод ако не повеќе, ако се знае дека и претходно имавме неколку добри шанси особено преку Несторовски, Пандев и Елмас.
Инаку, во недела на домашен терен играме против Лихтенштајн, а на 30-ти март гостуваме на Германија.