Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Не сакаше да клекне во текот на химната, а потоа заработи повреда и теренот го напушти во инвалидска количка

За жал љубителите на кошарката синоќа имаа можност да ја видат првата посериозна повреда по рестартот на НБА сезоната. Станува збор за играчот кој пред мечот ги налути сите навивачи во Америка.

Крилниот кошаркар на Орландо, Џонатан Ајзак доживеа навистина лоша повреда на коленото на мечот со Сакраменто. Во еден продор страдаа неговите предни вркстени лигаменти, а несреќниот кошаркар теренот го напушти во инвалидска количка.

Претходно, со неговиот потег налути голем број фанови. Имено, додека се интонираше химната сите клекнаа на едно колено во знак на протест против расизмот, носеа мајци на кои пишуваше „Црните животи се важни“, но единствено тој не го стори истото како и соиграчите.