Фудбал
ВИДЕО: Нејмар го замоли Модриќ да го потпише дресот, а овој му „шепна“ дека го чекаат
Нејмар се вратил на теренот на натпреварот против Хрватска. Феноменалниот Бразилец беше повреден на крајот од февруари и веќе долго време не беше во тимот на ПСЖ, затоа што внимателно и полека се опоравуваше од повредата за да биде подготвен за Светското првенство во Русија.
Против Хрватска влезе во игра во второто полувреме и во акцијата за првиот гол тој беше стрелецот, демонстрирајќи уште еднаш дека е голем и супериорен фудбалер.
По натпреварот Нејмар го чекаше хрватскиот капитен, Лука Модриќ, од кој побара дрес, но и да се потпише на него.
Модриќ го прифатил ова, а потоа тој го доби дрес на Нејмар, се разбира исто така, со автограм
Мадридските медиуми веднаш преведија што му шепна Модриќ на Нејмар: „Те чекаме“.
Инаку, тоа не беше единствениот дрес кој Нејмар го побарал во Ливерпул. Штом заврши натпреварот, додека играчите беа на теренот, тој, исто така, го побара, и го доби дресот на Иван Ракитиќ, кој беше негов соиграч три години во Барселона.
Olha que momento nos bastidores de Brasil x Croácia! O reconhecimento de dois craques pelo trabalho do outro. Bonito de se ver! ?⚽️?? #GigantesPorNatureza pic.twitter.com/Z7llPygWzn
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) June 3, 2018