Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Некогаш фудбалски мајстор, сега „статуа“, она што Бејл го прави на тренинг е срамно

Финишот на сезоната во Шпанија, Герет Бејл ја одбележа со неколку потези и реакции на трибините на „Алфредо Ди Стефано“, а особено оној кога со маска преку лицето глумеше дека спие за време на фудбалски меч.

Евидентно е дека Зинедин Зидан повеќе не смета на услугите н 31 годишниот офанзивец, а Велшанецот доаѓа на тренинзите само поради тоа што мора, судејќи според неговите реакции и залагањата.

Од фудбалски мајстор и виртуоз, Бејл стана „статуа“, а она што го прави на тренинзите безмалку е срамно. Сепак, покрај ваквата ситуација неговиот менаџер вели дека Велшанецот нема да замине од Реал Мадрид додека не ми итече договорот.