Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нервозниот Роналдо по мечот се присети на Белград

Србија оди директно на Мундијалот со голот на Митровиќ во 90. минута.

Сосема заслужено затоа што Србија доминираше кон крајот барајќи гол, додека Португалците се повлекоа, немааа сила и идеја во играта, па чекаа реми и крај, а нерешено им значеше прво место.

Роналдо беше незадоволен од последните минути.

Неговите зборови ги пренесе селекторот Фернандо Сантос кој имаше краток разговор со најдобриот играч на светот.

„Роналдо се сети на поништениот гол во Белград, беше разочаран“, изјави Сантос.

Квалификациите влегоа во самата завршница и веќе се познати осум учесници во баражот.

Во баражот моментално се Македонија, Велс, Русија, Португалија, Шведска и Австрија и Чешка од Лигата на нациите.

Инаку, досега директен пласман на Мундијалот изборија девет репрезентации и тоа Катар како домаќин и Бразил, Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија и Србија.

Реклама

Facebook

Реклама