Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Невиден скандал во Америка, двете екипи го напуштиле теренот, не сакале да ја слушаат химната

На стартот од WNBA, односно женската кошаркарска лига во САД, кошаркарките на Њујорк Либери и Сиетл Сторм на шокантен начин го искажаа своето незадоволство.

Во моментите кога требаше да се слушне химната на САД во салата, девојките едноставно го напуштија теренот. Беа во соблекувалната, а кога заврши химната, се вратија на теренот и го започнаа мечот.

На овој начин сакале да изразат почитување кон жртвите на расизмот во изминатиот период.

Интересно е тоа што на интернет страницата на Њујорк Либерти, објавена е стартната петорка, а имињата на сите кошаркарки се заменети со Брeoна Тејлор. Полицијата ја застрела на 13-ти март оваа година при обидот да го уапсат нејзиното момче.