Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Невидена ситуација во НБА лигата: Дурант „заглави“ два метри во аут, судиите се направија слепи

При резултат 132:132 во продолжението, Стеф Кари погоди за два поени и за предност на домаќините, но она што се случи пред топката да стигне до него беше нестварно и невидено на НБА паркетите.

Кевин Дурант едноставно беше речиси два метра во аут и направи три чекори зад линијата, но судиите некако успеаја да не го видат ова, па акцијата заврши со поени на Кари. Сето ова предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а ситуацијата помалку трагична ја направи Харден со својата тројка во последната секунда.

DERBI.MK