Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Невидено лудило во Англија, судијата означи крај, па досуди пенал во 100-та минута, Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед славеше со 3:2 на гостувањето кај Брајтон, со гол од пенал реализиран од Фернандеш во 90+10-та минута од мечот. Но, она што претходеше беше вистинско лудило.

Голема глупост направи Мапај кој играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Судијата не покажа на белата точка веднаш. Прво означи крај на натпреварот, но на асистенција на ВАР собата сепак ја погледна снимката и покажа на белата точка.

Бруно Фернандеш успешно го реализираше пеналот за голема победа на Манчестер Јунајтед. Претходно „Црвените ѓаволи“ примија гол за 2:2 во петата минута од продолжението.