Фудбал
ВИДЕО: Ниту Д од дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед
Иако многумина очекуваа големо дерби, сепак Челзи и Манчестер Јунајтед не ги оправдаа очекувањата. На крајот без голови, по еден бод, но навивачите разочарани. Во првиот дел вреди само да се издвои одлуката на судијата Стјуард Атвел да не покаже на белата точка за Јунајтед откако во казнениот простор Ходсон Одои играше со рака. Тоа предизвика големи негодувања на гостите, но ситуацијата не се промени и покрај ВАР снимката, па така се замина на одмор.
Во вториот дел нешто подобра игра. Имаше неколку солидни обидни на двете страни, но едноставно стрелците не беа расположени и остана на оние почетни 0:0.
Јунајтед има 50 бодови, Челзи 44, па веројатно шанса за победа ќе чекаат во следното коло.
Standings provided by SofaScore LiveScore