Други спортови
ВИДЕО: Нокаутиран по десет секунди, тргна по судијата, и доживеа уште поголемо понижување
Бизарно видео пристигнува од Русија од ММА настан одржан минатиот викенд.
Вистинската борба траеше околу десет секунди. Откако „се судрија“ со ракавици, еден од противниците со брзи и силни удари го нокаутираше својот ривал.
Судијата немаше друг избор освен да ја прекине борбата. И додека победникот славеше, зад неговиот грб се случуваше урнебесна сцена.
Имено, нокаутираниот борец не го поднесе многу добро поразот, па почна да се пресметува со судијата, но на крајот дополнително беше понижен.
Bruh…pic.twitter.com/cNaoGI0eip
— BLACK ADAM SCHEFTER (@B1ackSchefter) August 16, 2021
Вештиот судија почна да го дави и веднаш го зашемеи до тој степен што не може да застане на нозе, па неговиот тим мораше да го извади од октагонот.
Од друга страна, судијата само одмавна со главата како да сака да каже дека зашеметениот борец за него е мачкина кашлица.