Фудбал
ВИДЕО: Нов хаос во Франција
Натпреварот помеѓу Ленс и Лил во француската Лига 1 го одбележа влегувањето на навивачите на теренот.
Ленс вчера беше домаќин на Лил, но натпреварот беше прекинат долго откако навивачите на домашниот тим истрчаа на теренот.
Француските медиуми пренесуваат дека навивачите на Лил ги испровоцирале навивачите на Ленс, фрлале предмети кон нив и тие тргнале физички да се пресметаат со нив.
Полицијата мораше да интервенира, натпреварот продолжи подоцна, а Ленс славеше со 1:0.
Ова е третпат сезонава да се случуваат вакви работи во Лига 1.
Ça chauffe pendant la mi-temps à Bollaert entre supporters lensois et lillois. #RCLLOSC pic.twitter.com/3cqKR2Pvap
— Arthur Pineau (@ArthurPineau) September 18, 2021