Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нов „шамар“ за Вардар во домашното првенство, пораз од Шкупи во Чаир

Вардар со пораз се враќа од гостувањето на Чаир, Шкупи победи со 2-0, Шкендија се зацврсти на врвот откако лесно со 3-0 триумфираше против Пелистер.

Вардар е се подалеку од одбрана на титулата откако доживеа нов пораз во македонското првенство, овој пат на гостувањето кај Шкупи.

Натпреварот се играше по очајно лош терен, речиси невозможен за игра на кој подобро се снајдоа домаќините.

Резултатот беше отворен во 64. минута кога Бајрами со прекрасен шут од дваесетина метри постигна гол за водство на Шкупи од 1-0.

Вардар се обидуваше да дојде до израмнување, но во 86. минута Стојкоски со волеј од 30 метри биеше под пречката на Алексовски за победа од 2-0.