Фудбал
ВИДЕО: Нов убедлив пораз на Ливерпул, повторно ВАР „лакрдија“
Ливерпул два меча едноподруго доживува убедлив пораз. Претходно од Манчестер Сити со 4:1, а сега со 3:1 од Лестер. Тимот на Јурген Клоп имаше предност од 1:0, но брзо „Лисиците“ успеаја да постигнат три голови и да направат пресврт.
Сепак, голема „прашина“ крена израмнувачкиот гол на Лестер. Овој гол беше поништен поради офсајд на еден од играчите на Лестер. Меѓутоа после прегледувањето на ВАР се донесе одлука голот да биде признат.
Ова е трет пораз во низа за Ливерпул.