Фудбал
ВИДЕО: Новинарката во шок – Ветерот го сруши банерот и трофејот на Евро во Букурешт
Љубителите на фудбалот беа разочарани минатата година кога беше одлучено да не се игра Европско првенство.
Европското првенство требаше да се игра минатото лето по крајот на сезоната, но пандемијата на коронвирусот наруши сè.
УЕФА беше принудена да го одложи Европското првенство со цел да ги заврши клупските натпреварувања низ цела Европа. На крајот беше одлучено ЕП да се одложи и да се игра ова лето.
Јасно е дека со нетрпение се чека стартот на Европското, каде ќе ги гледаме најдобрите репрезентации.
Како што е веќе познато, Европското првенство започнува на 11 јуни и ќе се игра еден месец, односно финалниот натпревар е планиран за 11 јули.
Конечните подготовки за ова големо натпреварување се веќе во тек, а УЕФА наскоро треба да го објави конечниот список на градови што ќе бидат домаќини на овогодинешното издание на Европското првенство.
Исто така, овојпат се почитува традицијата, односно трофејот за европски шампион да „шета“ од град во град каде што навивачите ќе имаат можност да се фотографираат со него.
Така, во моментов трофејот на Европскиот шампионат стигна до Букурешт, каде ќе остане неколку дена.
Сепак, трофејот се најде во центарот на вниманието поради неверојатната ситуација што се случи на стадионот во Букурешт.
Имено, поради силниот ветер што дуваше, банерот зад трофејот беше срушен. Банерот го сруши и трофејот, но ја погоди и новинарката кој беше во шок поради се што се случи.
За среќа, трофејот не беше оштетен во оваа ситуација, а видеото стана хит на социјалните мрежи.
The Euro 2020 trophy fell to the ground during a live broadcast in Bucharest. ?? [@Emishor] #EURO2020
— RouteOneFootball (@Route1futbol) April 25, 2021