Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ново шоу на Салах – Два гола, асистенција, два промашени пенали…

Египет со 6:0 ја декласираше Нигер во второто коло од квалификациите за Купот на Африка.

Египјаните стигнаа до првата победа откако ја совладаа репрезентацијата на Нигер со убедливи 6:0, откако во првото коло беа поразени на гости од Тунис со 1:0.

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ги предводеше Египјаните со два погодоци, а како стрелци на натпреварот се запишаа и Мохсен двапати, Асхраф и Елнен.

Интересно е тоа што Салах промаши два пенали, првиот во 3. минута и вториот во 29. минута.

Салах покрај двата гола имаше и асистенција за првиот погодок.