Фудбал
ВИДЕО: Објавено првото интервју на Меси за Барселона-Ми фали висина…
Според многумина Лионел Меси е најдобриот фудбалер на денешницата, но и на сите времиња. Секако оваа полемика се води одамна, а ќе се води и во иднина. Но, факт е дека во изминатите две децении остави голема трага во Барселона, но и во светскиот фудбал. За него ќе се зборува и во иднина. Јасно е дека ќе остане уште една сезона во каталонскиот тим, а потоа кој знае што ќе се случи.
По повод 20 години од неговото пристигнување во Барселона, каталонскиот тим вчера го објави неговото прво интервју дадено за клупскиот медиум.
-Играм на позицијата преден играч за врска, сакам да ја примам топката и да ја дистрибуирам на крилата, со цел да создадам повеќе шанси, а по некогаш на себе преземам и дефанзивни улоги. А, потоа да постигнам гол, или да создадам шанса за некој мој соиграч. Ми недостасува малку висина. Понекогаш кога се борам за топката со противнички играч се чувствувам слабо. Се на се, верувам дека ќе ми биде полесно, беа првичните впечатоци на Меси во Барселона, останатото е историја.
Меси во Барса пристигна на 17-ти септември во 2000-та година. Најнапред беше дел од младинските категории, односно школата Ла Масија, потоа од Б тимот на Барселона, а дебитираше за првиот тим во 2004-та година на пријателски меч против Порто, на чија клупа седеше Мурињо, кога имаше 16 години, 4 месеци и 23 дена. На официјален меч дебитираше на 16-ти октомври во сезоната 2004/05 против Еспањол.