Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Од дрес на Манчестер Јунајтед, до скеле и градежен работник, но не жали поради тоа

Многу млади фудбалери имале шанса за нешто големо, но од различни причини ја пропуштиле. Поради нив, или поради други околности кариерата не им се развивала како што сакале или очекувале. Таков е случајот со Ли Рош. Тој сега има 40 години. Од 1999-та до 2003-та имал уникатна можност да го носи дресот на Манчестер Јунајтед. Играл на позицијата дефанзивец. Сепак, за „Црвените ѓаволи“ одиграл само птри меча. Своето деби го имал во 2001 година во Куп против Арсенал, играл во првенството против Њукасл, а настапил неколку минути и во ЛШ против Депортиво. Тоа било се што се однесува до дресот на Јунајтед.

Два месеци по дебито, добил слободни документи. Играше за Барнли, Рексам, а кариерата ја завршил во нисколигашот Дројлсден во 2011-та година.

Сега работи како градежен работник и има диплома на водоинсталатер. Како што вели, не жали за неговата кариера, бидејќи ја загубил желбата за фудбалот.

-Ја загубив желбата и гладта за фудбалот. Дома не сакав ниту да гледам натпревари, изјави тој за „Планет фудбал“.

-Често пат ме прашуваат за Јунајтед, но не сакам многу да зборувам за тоа, вели Рош.