Фудбал
ВИДЕО: Ова е голот на вечерта во Лигата на нации
Неколку мечеви вечерва се одиграа во Лигата на нации, а голот на вечерта е постигнат на мечот Фарски Острови – Малта. Домаќинот славеше со 3:2, а во 90-та минута голот за победа беше постигнат од слободен удар.
Интересна беше тактичката замисла, домашните фудбалери прво се собраа во живиот ѕид, а потоа пред ударот се „разбегаа“. Тоа како да ги збуни домаќините, па Олсен со прекрасен шут донесе победа.