Фудбал
ВИДЕО: Овој слободен удар е забранет 50 години!
Во октомври 1970-та година, поточно на 9-ти октомври, како меч на денот во тогашната Прва лига на Англија, беше одигран дуелот помеѓу Ковентри Сити и Евертон. Тој меч тешко дека ќе беше запаметен, да не беше фантастичниот потег на играчот на Ковентри, Хенри Хант. Имено, тој направи, за тоа време невиден и потоа никогаш повторен потег.
Хант постигна гол од слободен удар кој подоцна го доби името „Donkey Kick“ или магарешки удар. Неговиот соиграч Вили Кер со двете нозе ја крена топката во воздухот, а Хант „распали“ со што постигна преубав погодок.
Таа година Би-Би-Си го прогласи за најдобар гол, но набрзо потоа Фудбалската асоцијација на Англија забрани на фудбалските терени да се изведува слободен удар на ваков начин. Ковентри на тој меч славеше со 3:1.
Хант почина во 2018-та година, но овој негов гол стана бесмртен, но и забранет.