Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Овој трик сите имаат пробано да го направат на игралиште, а Нејмар на Мундијалот

 

Бразилците напаѓаа од самиот старт на натпреварот, но топката како да не сакаше да влезе во голот, се до судиското надополнување. Кутињо во 91. минута погоди за 1:0, а Нејмар во 97. минута ги постави конечните 2:0.

Освен голот, Нејмар направи уште неколку одлични потези, а секако највеќе одушеви со овој фантастичен дриблинг.

Бразилецот го изведе трикот кој сите како деца се обидуваа да го изведат на игралиштата, па со „петта“ од зад грб успеа да ја префрли топката преку фудбалерот на Костарика.