Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пандев фантастичен, запиша и асистенција, Џенова ќе остане во Серие А

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е на чекор да го исполни ветувањето, а тоа е со Џенова да обезбеди опстанок во Серие А. Неговиот тим вечерва води со големи 3:0 по првите 45 минути против Верона, па само чудо може да се случи до крајот да биде прокоцкана оваа предност и опстанокот во лигата.
Два гола се дело на Санабрија, а еден на Ромеро. Пандев беше асистент при вториот гол на Санабрија за водство од 2:0.