Фудбал
ВИДЕО: Победа на Барса без аплауз
Натпреварот од Шпанското фудбалско првенство меѓу Барселона и Лас Палмас закажан за 16:15 часот ќе се игра без присуство на публика, е последната информација објавена во шпанските медиуми.
Тензиите и неколкуте инциденти што владеат во Барселона поради референдумот за независност на Каталонија беа причина каталонскиот тим да бара одлагање на дуелот. Првично идејата била прифатена од Шпанскиот сојуз, но подоцна била донесена одлука да се игра без публика, откако полицијата дала таква согласнот.
На Барселона и се заканиле, дека во случај да не го одигра натпреварот, ќе изгуби службено.