Во дербито на дното одиграно во Прилеп, екипите на Победа и Ренова одиграа борбен и возбудлив натпревар, кој на крај заврши без победник. Прилепчани преку фантастичниот Најдовски први поведоа, но Ренова не се предаде и Нафиу од пенал ги постави конечните 1-1.