Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете го најбруталниот старт во историјата на Лига Европа!

Реванш осминафиналето од Лигата на Европа помеѓу Глазгов Ренџерс и Славија Прага го забележа можеби најбруталниот старт во историјата на ова натпреварување.

Кемар Руф неконтролирано тргна по една топка, па го удри Ондреј Колар со копачка во главата.

На Колар му беше дадена помош неколку минути, и на крајот беше заменет бидејќи не можеше да го продолжи мечот.

На Руф му беше даден директен црвен картон за неговиот несовесен старт.

Со оглед на бруталноста, не е исклучено играчот на Ренџерс да биде суспендиран на неколку натпревари во европските натпреварувања.