Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете каква драма се случуваше во Португалија, шутирани 24 пенали, Милан се мачеше цела вечер

Вистинска фудбалска драма, ретко видена се одвиваше синожа во Потугалија. Милан се мачеше цела вечер да го елиминира Рио Аве и да обезбеди пласман во групната фаза од Лига Европа, но на крајот успеа преку изведувањето на пенали.

Милан поведе со голот на Салемакерс во 51-та минута, но сепак во 72-та израмни Гералдеш. Се отиде на продолженија, два пати по 15 минути. Веднаш на стартот Португалците поведоа со голот на Желсон, а кога сите очекуваа последен свиреж на судијата, беше досуден пенал, откако еден од дефанзивците на домаќинот направи глупост и играше со рака. Сигурен беше Чалханоглу.

Се замина на изведување на пенали. Следуваше 12 серии на изведување на пенали. Воглавно сите беа прецизни се до 8-та серија. Коломбо очајно шутираше, па му овозможи на Рио Аве меч топка. Сепак, Монте не успева да погоди, топката два пати удира во стативата, но не влегува во мрежата.

Донарума потоа промаши пенал за „Росонерите“,  а на спротивната страна голманот на португалскииот тим не користи меч топка. Потоа Бенасер не помогдува, но и во спротивниот табор Жералдес не ја сместува топката во мрежата. Кјаер е прецизен за Милан во следната рунда, а потоа Донамура го брани пеналот на Адерлан. На овој начин Милан по некое чудо успеа да се пласира во групната фаза, а Рио Аве останува да жали за пропуштените шанси.

Поради тоа што е позитивен на Ковид 19, Златан Ибрахимовиќ не играше на овој натпревар.

Advertisement

Facebook

Реклама