Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете што изјави Мурињо за Шкендија и доаѓањето во Скопје

Веднаш по победата над Локомотив Пловдив од 2:1 и пласманот во третото квалификациско коло, тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо за клупскиот сајт говореше за овој натпревар, но и она што ги очекува во следната рунда. Сеако за седум дена доаѓаат во Скопје на дуел со тетовска Шкендија која вечерва го совлада Ботошани со 1:0.

Мурињо беше запрашан за Шкендија, а одговори дека искрено не знае ништо за овој нашиот претставник, но сепак како што вели, ќе почнат со анализите и подготовките за гостувањето во Скопје. Тоа што е непознат противник не значи дека ќе биде лесно, а Мурињо вели дека мора да бидат претпазливи.

Дуелот Шкендија – Тотенхе се игра на 24-ти овој месец во Скопје, секако поради коронавирусот без публика.

Advertisement

Facebook

Реклама