Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Поранешен фудбалер на Зенит и ЦСКА, крвнички претепа судија на аматерски турнир

Роман Широков, кој има 39 години, е поранешен репрезентативец и капитен на Русија, играч на ЦСКА Москва, Зенит, Химки, Спартак Москва. Сепак, неговото однесување ја шокираше, како руската, така и светската јавност.

Имено, тој крвнички претепа судија Никита Данченко, само затоа што на аматерски турнир не досуди пенал.

Фотографиите од повредите на судијата доволно говорат, а самиот судија за руските медиуми изјави дека четири часа бил во болница.