Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Поразот тешко им падна – Фудбалерите на Италија во катастрофална состојба ја оставија соблекувалната во Палермо

Репрезентацијата на Италија пред неколку дена остана без пласман на Мундијалот, а за тоа се погрижи Македонија.

Актуелниот европски првак не успеа директно да се пласира во Катар, па играше во бараж каде сите очекуваа Италија да стигне барем до финалето во кое ќе се бори против Португалија за пласман на Мундијалот.

Сепак, репрезентацијата на Македонија победи во полуфиналниот натпревар од плеј-офот во Палермо со 1:0 и ги остави Аѕурите без патување во Катар.

Македонија во последните минути од натпреварот постигнаа гол за 1:0 по серијата шанси кои Италија не ги искористи.

Нашата репрезентација до крајот на натпреварот успеа да ја зачува мрежата и да ја оствари една од најголемите победи во својата историја.

Колку тешко на Италијанците им падна овој пораз покажа и видеото кое се појави на социјалните мрежи неколку дена по натпреварот.

Имено, на видеото се гледа дека италијанската репрезентација во страшна состојба ја напушти соблекувалната на стадионот во Палермо, а на крајот сето тоа мораше да го исчистат луѓето кои го одржуваат овој стадион.

Еден од нив реши сето тоа да го сними и јавно да покаже како се однесуваат италијанските играчи. За тоа беа критикувани во медиумите бидејќи не покажаа како треба да се однесуваат без разлика каков беше резултатот на крајот од натпреварот.