Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потег на Рафа Бенитез кој го обиколи светот на фудбалот

Зад Рафа Бенитез веројатно е најлошиот момент во неговата долгогодишна кариера. Шпанскиот стратег кој во текот на кариерата меѓудругите ги предводеше Валенсија, Ливерпул, Реал Мадрид, Наполи и Интер, сега е на клупата на кинескиот Даилан Про. Овој тим вчера загуби од Џиангсу Сунинг со 2:1, а Бенитез толку се мачеше од лошата претстава, односно игра на неговите фудбалери, што во еден момент им го сврте грбот.

Искусниот тренер дојде покрај клупата, се свртен кон трибините и неколку моменти стоеше како скаменет и беспопомшно гледаше, веројатно прашувајќи се што се случува.

По мечот ја одржа својата најкратка прес конференција. На неколку новинарски прашања, следуваше истиот одговор.

-Не ми се допадна мечот, кусо одговараше Бенитез.