Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Познатата тенисерка почна да плаче сред меч

Солзите на Викоторија Азаренка ќе го обиколат светот.

Познатата белоруска тенисерка емотивно се распадна во дуелот од третото коло на Индијан Велс против Елена Рибакин, која е родена во Москва, но се натпреварува под знамето на Казахстан.

Во вториот сет Азаренка едноставно почна да плаче на нејзин сервис и повеќе не можеше да трпи поради се што се случуваше.

Искусната Белорусинка едноставно им се препушти на емоциите и само повторуваше дека и е жал. Тоа беше навистина потресен момент.

Иако се обидела да продолжи да игра, не успеала се додека судијата на натпреварот не и пријде и ја смири, по што по неколкуминутна пауза натпреварот продолжил.

На крајот Рибакина победи со 2:0 во сетови, а двократната шампионка на Индијан Велс го заврши настапот. Беше 6:3 и 6:2.

Азаренка е само една во низата спортистки кои страдаат поради рускиот напад на Украина, со оглед на тоа што нејзината земја Белорусија им се придружи на Русите.

Таа во својата богата кариера освои две Австралија опен, а пред турнирот во Индијан Велс јасно стави до знаење дека се чувствува „уништена“ поради луѓето погодени од војната во Украина.