Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пред 30 години побара автограм од Куман, денес тој е спасител на Барселона

Жерар Пике вчера како капитен ја предводеше Барселона против Реал Сосиедад.

Барселона го победи Сосиедад со 4:2 во првиот официјален натпревар по заминувањето на Лионел Меси на „Камп Ноу“ и Каталонците фуриозно ја започнаа борбата за титулата.

Пике (34) ги воодушеви сите во Барселона бидејќи прифати да игра за помала плата за да му помогне на тимот да ја надмине кризата и да регистрира нови играчи како Мемфис Депај или Ерик Гарсија.

Искусниот дефанзивец ќе игра во Барселона речиси бесплатно во споредба со другите играчи. Неговата плата ќе биде минимална, но во знак на благодарност, тој ќе добие продолжување на соработката за уште една година (2025 година).

Пике ги помина младинските селекции на Барселона, а како 17-годишник замина во Манчестер Јунајтед во 2004 година.

Сепак, четири години подоцна тој се врати во Барселона и стана дел од еден од најсилните тимови во светот во изминатите 20 години. Со Барселона, Пике освои се што можеше. Тој стана вистинска икона на клубот, одигра 566 натпревари и постигна 49 голови.

По натпреварот против Сосиедад, Пике сподели со фановите видео снимка на направена пред околу 30 години. На него се гледа четиригодишниот Пике како бара автограм од Куман, кој го тренира денес.

За само неколку часа, објавата доби над 871.000 прегледи и 81,5 илјади допаѓања.