Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пред неколку дена го оперираше коленото, а денес ги шокираше сите

Серхио Рамос неодамна објави дека мора на операција на коленото и поради тоа нема да се врати на терените.

Искусниот дефанзивец на Реал Мадрид веќе некое време има проблеми со левото колено, и беше јасно дека операцијата е единственото решение за да ги снема проблемите.

Рамос пред неколку дена објави дека ја извршил операцијата и дека сè поминало добро.

Тој треба да биде надвор од терените околу два месеци, но заздравувањето оди подобро од очекуваното.

Иако само што имаше операција на коленото, само неколку дена подоцна, Рамос се појави во теретана и го одработи тренингот како да е сè во ред.