Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пред неколку денови стана хит на интернет, а сега погледнете како ги понижува своите врсници

Фотографијата од првенството на Шпанија до 12 годишна возраст, која се појави пред неколку дена стана хит на интернет.

Имено, во натпреварот помеѓу Севиља и Виљареал две дечиња беа во дуел, а според фотографијата, не би се рекло дека „десетката“ на Севиља има 12 години.

Ибрахим Соу стана хит приказна откако таа фотографија се појави на интернет, но тој заслужува да се каже нешто повеќе за него, освен тоа што е натпросечно висок и развиен во однос на своите врсници.

Тој во оваа сезона постигна 29 голови во првенството, а голот кој го постигна овој месец на натпреварот против Реал Бетис доволно зборува за неговите квалитети.

Соу доби прекар „Ибра“, а во Севиља дојде 2018. година од Малага.. Од тогаш тој доминираше во повеќето натпревари, а Севиља на својата страна го опиша како следната ѕвезда, а во овој клуб сметаа дека за неколку години тој ќе заигра и за првиот тим.

https://twitter.com/WeekendSport/status/1140209208064991232