Фудбал
ВИДЕО: Прв гол во Европа на Ибрахимовиќ од 2017-та, Милан победи
Екипата на Милан го совлада Шамрок Роверс на гостински терен со 2:0 и се пласираше во третото квалификациско коло од Лига Европа. Првиот гол беше дело на Златан Ибрахимовиќ, кој за прв пат по пауза од февруари 2017-та година постигна погодок во европските купови. Последен пат тоа го стори на мечот против Сент Етјен кога како играч на Манчестер Јунајтед, исто така во Лига Европа постигна три голови на тој дуел.
Конечните 2:0 во корист на Милан вечерва беа дело на Чалханоглу. Следниот меч Милан го игра против Бодо Глимт од Норвешка за седум дена.
Ibrahimovic’s goal
Milan first official goal this season pic.twitter.com/D1pkeVEbRX— ?SS (@semo33xx) September 17, 2020